Распишан конкурс: Ниш трага по Бетмен – борец против корупција

Објавено на 15 March 2013 во 16:02

Бидејќи власта го довела народот до просјачки стап и бидејќи чесниот народ е очаен и во неизвесност како ќе го дечека први во месецот, „Готам Сити Ниш“ распиша конкурс за работно место „Бетмен на градот Ниш“, пишува на неодамна направената Фејсбук страница .

betmen

На страницата „Готам Сити Ниш“ го споредуваат Ниш со Готам, градот во кој живее херојот Бетмен, и потсетуваат дека се работи за градот на Југот од Србија со 36 000 невработени, „без началник на полицијата, со најорганизирано подземје во регионот, стуткан на главната магистрала која го поврзува ирачкиот хероин и колумбискиот кокаин со богатата европска клиентела, полн со непредвидиливи случувања, фантомски бизнисмени, криминални градежници, мрзливи инспектори и добар бурек“, пренесуваат „Јужни Вести“.

Заради ваквата состојба во градот, оваа група распишала шеговит конкурс за работното место „нишки Бетмен“.

Во овој опис за необично работно место се наведува борбата против криминалот и корупцијата, пресметка со гангстерите, откривање малверзации и афери, заштита на слабите, но и борба против мафијашките организации во градот како што се „Паркинг сервис“, „Топлана, „Инфо стан“ и „Ниш стан“.

Услови за кандидатите, се повеќе или помалку слични како и за останатите „сериозни“ професии, па така е потребно идниот „нишки Бетмен“, покрај високата стручна спрема, да поседува и тригодишно искуство на слични работни места, но и да знае да работи на компјутер, како и да има возачка дозвола Б категорија.

Специфичен услов е познавање на боречки вештини, а како се наведува, пожелни е да поседува црн појас последен дан.

За стручњаците кои ќе се вработат на оваа позиција обезбедена е едукација во Бугарија, за детално да се запознаат со корупцијата и мафијашките работи, а почетната плата е 600 евра со додаток бакшиш кој Бетмен би го добивал од граѓаните.

Овој повик за „нишки Бетмен“ досека привлече околу 1000 корисници на оваа социјална мрежа.

Close
Поддржете го hajdpark.mk и дружете не на некоја од социјалните мрежи: