Која е идеалната професија за секој хороскопски знак

Објавено на 20 May 2013 во 13:39

jobs

Овен
Иако шармантниот Овен делува романтично, мирно, дури и помалку флегматично, тоа сепак е само неговата маска, затоа што ако веќе не е, најмногу сака да биде глумец и тоа комичар, потоа музичар, рели возач, но и лекар(особено хирург), воено лице, офицер… Жената родена во овој знак би сакала да изгради кариера како јавно лице(новинар – полемичар кој ги прати политиката и општите теми) или да има добар друштвен статус кој главно го постигнува преку бракот, односно ако ја искористи добрата прилика за брак.

Бик
Трпеливиот и упорен Бик, најмногу би сакал да се занимава со приватен бизнис кој може да има врска со готвење, но и уметност, мода, филм или музика. Жената Бик исто така има смисла за уметност, па би сакала да работи со медиуми, особено на филмови, а ја привлекува и дизајнирањето на мебел, накит но и недвижнини.

Близнаци
Близнаците ги сакаат работите во врска со медиумите и маркетингот, па најчесто би сакале да бидат новинари и доста се добри во таа работа, поради вродената снаодливост да дојдат до строго доверливи информации. Иако често ги менува занимањата, мажот роден во овој знак е најмногу мотивиран да стане спортист, писател, пејач или глумец, а женските припаднички ги привлекуваат работите кои имаат врска со патувања(новинар, туристички водач, режисер), но не ја изоставува ни модата како опција.

Рак
Жената Рак најмногу би сакала да добие одредена позиција во јавноста или на друштвената скала, а тоа најчесто го изведува преку партнерот, но исто така сака да биде и професор, уметник или моден дизајнер. Мажот роден во овој знак го сака приватниот бизнис во областа на хотелиерството или угостителството, а кога се спортовите во прашање, сака да поседува своја теретана, базен или клуб за боречки вептини. Колекционерството им е пасија.

Лав
Лавот е креативец и природен лидер на тимот, односно роден шеф, па му одговараат директорски занимања, а ужива во политиката, дипломатијата, уметноста, филмот и спортот. Жената Лав би сакала да биде славна личност, пејачка, глумица, моден креатор, но и дипломат и приватен бизнисмен.

Девица
Жената Девица сака да биде психолог, предавач, пронаоѓач, архитект, дизајнер, да се занимава со внатрешно уредување, сликарство, мода, новинарство… Секогаш преферира да работи со странци, без разлика за која област се работи. Мажот припадник на овој знак ги обожува милениците и животните општо, па би уживал во се што е поврзано со нив.

Вага

Вагата сака да влегува во работи со недвижнини и работа со странци кои ќе ги озоможат доста патувања, исто така ја привлекува и политката, но би сакала да има бутик, цвеќара, парфимерија, козметички салон. Женските припаднички на овој знак би сакале да бидат модни креатори, глумици, адвокати, судии, банкари и воопшто, ги сакаат односите со јавноста, додека машките припадници знаат да бидат добри преговарачи, организатори, книжевници и математичари.

Скорпија
Скорпиите умеат многу добро да ракуваат со парите, а успехот за нив е нешто што се подразбира, но најмногу сакаат да се занимаваат со елитистички работи. Машките претставници на овој знак би сакале да бидат банкари, сопственици на казино или обложовалници, стоматолог или хирург, а скорпиите и од двата пола најмногу би сакале да се бидат форензичари, детективи или филмски продуценти.

Стрелец
Стрелецот сака работа која ќе му овозможи повеќе да патува и да разменува идеи со личности кои се слични како него, да работи во маркетинг, туристичка агенција(да организира конгреси), затоа што има среќа во бизнисите со странци. Жената стрелец сака да се занимава со филм, дизајн, туризам, изложби или антикварници, а мажот стрелец би сакал да има авто салон или да работи во него.

Јарец
Одговорниот и верниот јарец знае често да биде подобар во работи кои и не ги сака баш, затоа што стравува од критики и има праведен однос спрема работата, но најмногу би сакал да се занимава со сликартсво, музика (компонирање), историја, астрологија, археологија, рударство и геологија. Тој тешко се одлучува да тргне во авантура која предизвикува промена на работата, иако станува збор за работа која не ја сака. Одговорноста спрема себе е тоа што го оптеретува.

Водолија
Мажот роден во овој знак сака работа поврзана со медиуми, трговија, политика, музика, спорт (посебно кошарка), информатика, електротехника но сакаат да ја менуваат работата. Сакаат да бидат сопственици на издавачка куќа, да се занимаваат со приватен бизнис, а сакаат да отвараат и некои модерни кафулиња. Жените водолии го сакаат маркетингот и работите во кои нема фиксно време.

Риби
Жените кои се родени во овој знак најмногу од се сакаат да се омажат, но би сакала и да се занимаваат со работи кои ќе и овозможат да патува и да стекнува нови пријатели, иако повеќе има среќа, отколку памет во водење на бизнис, особено приватен. Најчесто би сакала да биде фармацевт, хемичар, козметичарка или да работи во лабораторија. Сака да биде и балерина, танчерка, спортистка. Мажот роден во овој знак го сака друштвото на уметници и спортисти, затоа што е склон на тимска работа, па затоа повеќе го привлекуваат работи во кои има контакт со доста луѓе и во кои доста ќе патува.

Close
Поддржете го hajdpark.mk и дружете не на некоја од социјалните мрежи: