Храбриот човек кој пред 50 години го спаси Скопје од уште една катастрофа

Објавено на 26 July 2013 во 17:08

Велин Јорданов и неговиот сега покоен колега, Максимир Стојановиќ биле дежурни диспечери ноќта спроти катострофалниот земјотрес, во „Трафостаница 1“ во населба Бутел, од каде што во тоа време се обезбедувала струја за целиот град и кога сфатиле дека Скопје го тресе силен земјотрес, веднаш рачно ја исклучиле струјата од главната комадна табла , зошто техниката откажала.

Velin i Maksim

Околу 5 часот наутро Велин Јорданов ја запишал состојбата на броилата и го почувствувал првиот удар. Во тоа време работеле булдожери на новата трафостаница и со колегата помислиле дека закачиле некое вземјување. Со вториот удар им било јасно дека станува збор за земјотрес, се сеќава Велин Јорданов кој 26 јули 1963 година ја исклучил струјата во цело Скопје и го спасил градот од можен пожар.

Велин Јорданов и неговиот, сега покоен колега Максимир Стојановиќ биле дежурни диспечери ноќта спроти катострофалниот земјотрес , во „Трафостаница 1“ во населба Бутел, од каде што во тоа време се обезбедувала струја за целиот град и кога сватиле дека Скопје го тресе силен земјотрес, веднаш рачно ја исклучиле струјата од главната комадна табла , зошто техниката откажала. Кога сфатиле дека Скопје го тресе силен земјотрес, веднаш реагирале и сакале да ја исклучат струјата од главната командна табла.Тогаш забележале дека техниката одкажала, односно дека ниту еден далековод не е исклучен и тоа морале да го прават рачно.

Велин Јорданов за својот храбар и исклучителен подвиг е награден со признанието  Златна плакета на Градот Скопје по повод 40 годишнината од земјотресот.

Денес Велин Јорданов, среќен пензионер, сопруг, татко на две деца и четири внуци, скромно се сеќава на својот храбар подвиг и се радува што успел да го спаси градот од можниот пожар.

За повеќе текстови на ХајдПарк.мк во врска со земјотресот во 1963 година можете да ја посетите рубриката посветена за оваа намена на следниот линк.

Close
Поддржете го hajdpark.mk и дружете не на некоја од социјалните мрежи: