Осум непријатели на убавата насмевка

Објавено на 19 January 2014 во 13:33

Убавата насмевка „железни врати отвара“. Но секојдневните навики можат сериозно да им наштетат на вашите заби. Познато е дека кафето, цигарите и благите работи сериозно ги оштетуваат забите. Погледнете кои други навики и штетат на вашата насмевка.

smiling_2

Бело вино

Познато е дека црвеното вино остава флеки на вашите заби, но и белото вино може да и наштети на вашата насмевка. Сувите бели вина се полни со киселина која го оштетува површинскиот слој на забите и доведува до трајни промени на бојата на забите.

Пирсинг

Иако се смета за модерен додадок, пирсингот на јазикот навистина може да им наштети на забите. Усната шуплина не е создадена за метални предмети, а секојдневното удирање на забите со металните топлиња може да го оштети енамелот и да доведе по кршење на забите.

Лимон

Иако лимоните се богати со минерали и витамин Ц, тие содржат и голема количина на цитрусна киселина, која ги оштетува забите и ги прави чувствителни на топло и ладно.

Грицкање лед

Грицкањето на лед може да доведе до пукање на глеѓта на забите. Исто така, гризењето лед има ефект како чкртање со забите, што доведува до нивно „трошење“ и расипување.

Спортски напитоци

Овој вид на напитои се навистина освежителни по напорен тренинг, но се навистина опасни за забите. Тие содржат киселини кои предизвикуваат корозија на забите и кариес.

Лекови

Плунката е заштитник на усната шуплина, а лековите како антидепресиви или апчиња за притисок содржат состојки кои ја сушат устата и го намалуваат производството на плунка.

Вода од базен

Базенската вода е хлорирана и полна со хемикалии, кои го одржуваат квалитетот на водата, но се навистина штетни за забите.

Желудочна киселина

Киселините генерално се непријатели на забите, а тоа ја вклучува и желудочната киселина. Доколку имате проблеми со киселини, обратете се кај вашиот лекар за да ја откриете причината за оваа појава бидејќи, освен останатите здравствени проблеми, желудочните киселини ја оштетуваат и глеѓта на забите.

 

Close
Поддржете го hajdpark.mk и дружете не на некоја од социјалните мрежи: