Шест знаци дека диетата што ја држите е опасна по вашето здравје

Објавено на 15 May 2014 во 9:39

Исцрпувајќи го својот организам со разни диети кои ветуваат чудотворни ефекти, за краток рок можете да изгубите неколку килограми привремено, но ќе се согласите дека тоа не е вредно за губењето на вашето здравје.

znaci-dieta

Ви претставуваме шест можни разлики за држењето на диета:

(Пре)брзо губење на килограмите

Ако губите повеќе од два килограми дневно, постои голема опасност со нив да изгубите и многу течност, кој на организмот му е преку потребен, и мускулно ткиво што може да доведе и до ослабнување на коските бидејќи слабиде мускули не ги придржуваат доволно. Со тоа оптеретувањето преминува на коските, поради што тие зголемено се трошат.

Земање премногу витамини

Овој факт се однесува на диетите кои вклучуваат едноврсна храна во текот на денот, на пример, јадете само банани или само салата. Во тој случај преголема количина едноврсни витамини може да го оштетат црниот дроб и да оневозможат апсорпција на некои други витамини, што е меч со две острици.

Внесување на помалку од 1500 калории дневно

Доколку ги броите калориите, нивното дневно внесување не би смеело да биде помало од 1500. Ако падне калориската вредност под таа граница, ризикувате успорување на метаболизмот и неисхранетост на организмот, но и брзо враќање на килограмите по завршувањето на диетата.

Забрзување на метаболизмот

Производите кои ветуваат забрзување на метаболизмот за храната побрзо да се разградува, всушност содржат состојки како што се кофеин кој создава лесна зависност. По престанокот на земање на слични производи, потребата за нив ќе остане, а килограмите ќе се вратат штом метаболизмот успори.

„Чистење на организмот“

Детоксикација со средства не го чистат организмот само од токсични материи, туку ги уништуваат и „добрите бактерии“ во цревата и го отежнуваат варењето. Исто така, доведува до дехидрација на организмот и ја успоруваат работата на природните прочистувачи – црниот дроб, бубрезите и кожата.

Само еден вид намирници
Покрај споменатите претерани количини едноврсни витамини, ваквиот начин на исхрана му ги крати на организмот прекупотребните хранливи материи, чии што недостаток може да биде причина за многу болести како остеопороза, мускулна артрофија, болести на срце и сериозен пад на имунитетот.

Close
Поддржете го hajdpark.mk и дружете не на некоја од социјалните мрежи: